ФОТО: Фан на Меси влета в терен и претера со прегратката со својот идол

Барселона ја покажа својата ранливост и повторно по вина на одбраната претрпе болен пораз. Во второто полуфинале на Суперкупот на Шпанија, момците на Валверде во Саудиска Арабија загубија од Атлетико Мадрид со 2-3 и нема да играат во натпреварот за трофејот в недела навечер.

По последниот судиски свиреж, еден разјарен фан влета в терен и силно го прегрна Лео Меси. Очигледно беше дека емоциите го надвладеаја и претера во прегратката, па на Аргентинецот вооппшто не му беше комотно.

Луѓе од обезбедувањето брзо влетаа в терен и го разделија навивачот од Џеда и аргентинскиот генијалец. Експедицијата на Барселона утре се враќа од Саудиска Арабија со разочарувањето за испуштената шанса за прв трофеј оваа сезона.