Фан на Јунајтед ги исмеваше починатите на „Хилсброу“, го уапсија и го чека затвор!

Еден навивач на Манчестер Јунајтед бил уапсен по натпреварот со Манчестер Сити во финалето од ФА-Купот, поради дресот на кој било напишано „Недоволно, 97“. Англиската јавност е шокирана од навивачот кој со дресот ги исмеваше жртвите од трагедијата во 1987 година, кога загинаа 97 навивачи на Ливерпул

За трагичниот настан на „Хилсброу“ се зборува и ден денес, но во Англија постојат сериозни закони кои го спречуваат ваквото и слично однесување. Навивачот сторил кривично дело од англискиот законик - „навреда, понижување и исмевање на починати лица и нарушување на јавниот ред и мир“. Ова е комплексно кривично дело кое може на навивачот да му донесе и затворска казна во времетраење од една до три години. 

Англиските власти веднаш го идентификувале човекот кој се вика Џејмс Вајт и тој веднаш бил спроведен во полициски притвор, но се очекува да биде пуштен да се брани од слобода. Полицијата исто така трага и по човекот кој фрли метална запалка кон играчите на Јунајтед и таа заврши во лицето на Виктор Линделоф

Голема е веројатноста дека и двајцата навивачи ќе добијат строга забрана за посета на спортски натпревари, парична казна, а можеби дури и „престој“ во затвор. Нивните постапки уште еднаш ја згрозија целата фудбалска јавност која се надева дека ваквите „навивачи“ во иднина нема да бидат на фудбалските стадиони.