ВИДЕО: Фан на Бенфика трчаше еден километар целосно ГОЛ поради Вајгл

Јулијан Вајгл прејде од Борусија Дортмунд во Бенфика по отворањето на зимскиот трансфер период. Поради фактот што се очекува да биде големо засилување, фановите го пречекаа со одушевување. 

Сепак, еден од нив отиде чекор подалеку, имено тој на својот Твитер профил уште на 17 декември напиша дека доколку Вајгл стигне во Португалија, ќе трча еден километар целосно гол. По доаѓањето, Германецот му одговори на твитот да си го исполни ветувањето. 

Навивачот на Бенфика го изврши предизвикот и го објави на својот профил. 

  • Видео од случката:

24-годишникот го очекува своето деби во Бенфика, а тоа може да биде уште на домашната средба против Авес на десетти јануари.