• Горан Упале

Реал Мадрид им стави крај на лошите игра и забележа голема гостинска победа над Атлетик Билбао (0-2) во натпреварот од 18. коло на шпанскиот шампионат.
Карим Бензема со прекрасен гол во 24. минута го доведе Реал во водство, а Тони Крос во 90. минута ги постави конечните 2-0.
Симпатична сцена се случи по последниот судиски свиреж, кога навивач на Атлетик Билбао, кој беше стациониран зад клупата на Реал, се приближи до Карло Анчелоти и имаше несекојдневно барање. Тој немаше намера да предизвика инцидент, туку од искусниот стратег побара гуми за џвакање.
Ancelotti sharing his chewing gum with a fan pic.twitter.com/ghrHSQenZo
— M.D. (@ManagerDeMadrid) January 23, 2023
Дон Карло му ја исполни желбата на навивачот, кој цела ситуација ја снимаше со својот мобилен телефон и подоцна ја објави на социјалните мрежи.