ВИДЕО: Фалкао потсети на најдобрите денови и го спаси Монако кај Рен

Радамел Фалкао е јунакот на Монако во дуелот со Рен, затоа што даде два гола во противничката мрежа и успеа да спаси бод за тимот од кнежевството на незгодното гостување (2-2).

  • Извештај од натпреварот:

Рен тргна моќно, даде два гола за само девет минути, а Монако беше во подредена позиција. Двоен стрелец за домашните на оваа средба беше Адриен Хуноу, кој успеа да ја смести топката зад грбот на голманот Си во 3. и 9. минута од мечот.

Со два гола предност Рен замина на пауза, а потоа на сцена стапи Радамел Фалкао, кој потсети на најдобрите денови и стрелаше двапати. Колумбиецот прво погоди во 59. минута, за потоа, конечните 2-2 да ги постави во 75. минута од мечот.

Монако се наоѓа на 16 позиција во Лига 1 со 33 бода, но опстанокот се уште не е сигурен. Рен, пак, се наоѓа на средината на табелата.