• Иван Димовски

Фудбалерите на Рајо Ваљекано освоија голем бод кај Атлетико Мадрид, откако одиграа 1-1 во рамките на десеттото коло на шпанската Примера. Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше меѓу стативите на својата екипа на „Ванда Метрополитано“, а на крајот се радуваше на ремито.
- Атлетико Мадрид - Рао Ваљекано 1-1:
„Јорганџиите“ релативно рано дојдоа до предност, практично од првата шанса. Гризман проби по десната страна, уфрли до Алваро Мората во шеснаесетникот, а напаѓачот го матира Димитриевски за 1-0 во 20. минута. Сепак, играта на Атлетико како да се распадна, бидејќи по постигнатиот гол покажаа многу малку.
По паузата Столе беше без работа, Рајо заигра навистина подобро и притискаше за израмнување. Близу до гол беше Пате Сис на стартот на полувремето со удар крај голот, а потоа се закануваа уште Палацон и Фалкао. Куња во два наврати ги тестираше можностите на Димитриевски, кој ги скроти ударите. Во судиското продолжение по игра со рака, Рајо Ваљекано доби пенал. Сигурен од единаесет метри беше Радамел Фалкао кој погоди за 1-1 во 92. минута. Атлетико по три победи запиша реми и сега има 20 бода на третото место, додека Рајо е десетти со 12 бода.
- Хетафе - Атлетик Билбао 2-2:
Претходно на „Колисеум Алфонсо Перез“ реми одиграа Хетафе и Атлетик Билбао (2-2).