ФОТО: „Фалангата“ на еден час пред мечот ечи на „Лоро Боричи“

Уште час и половина преостанува од стартот на првиот квалификациски натпревар на нашите репрезентативни фудбалери за Светското првенство во Русија, кој ќе го одиграат во Скадар против домашната селекција на Албанија

Дефинитивно „Лоро Боричи“ ќе биде исполнет до последно место, а момците на Ангеловски ќе имаат поддршка од неколку стотици македонски навивачи кои веќе се стационираа на прекрасната арена во Скадар. 

Исто така, денес од Тетово, Скопје и Куманово отпатуваа неколку автобуси со фанови, но тие најавија дека ќе навиваат за домашната репрезентација на Албанија.