Фабрицио Романо и Ди Марцио убедени: Конте ќе го наследи Нуно во Тотенхем

Тотенхем реши да му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто по само 17 официјални натпревари како прв тренер на тимот. Променливата форма и лошите резултати беа причина Португалецот рано да замине од Лондон. 

Веднаш откако беше објавено дека Нуно повеќе не е тренер на „петлите, тргнаа и шпекулациите за негов наследник. Според угледниот трансфер-гуру Фабрицио Романо, но и Џанлука Ди Марцио, Тотенхем е на чекор да го догори новиот предводник. 

Фабио Паратичи ги искористи добрите односи со Антонио Конте од времето кога соработуваа во Јувентус и практично го договори како нов менаџер на Спарси. Конте нема ништо против да го преземе клубот од Лондон, според најавите, договорот за плата и долгогодишен проект е веќе склопен. 

Конте се очекува да пристигне во Лондон, по што ќе се договорат и последните детали, па Италијанецот ќе ја преземе работата во клубот.