• Зоран Мишевски

Италија вечерва го слави малиот Комо и сите рекорди кои ги поста клубот од Ломбардија.
По историската и убедлива победа на Комо над Ленс со 1-9 во рамките на Лигата на шампионите, тренерот Сеск Фабрегас ги сподели своите впечатоци. И покрај рекордната победа, Фабрегас остана приземјен и во свој стил побара скромност и понатамошна работа:
„Ова беше среќна и посебна вечер за сите нас, за клубот и за нашите навивачи. Во фудбалот има денови кога сè оди во твоја корист и сè што ќе замислиш се претвора во гол. Но, мораме да останеме со нозете на земја, да бидеме скромни и да продолжиме со работа. Играчите не смеат да мислат дека станале ѕвезди по еден ваков натпревар.
И искрено, сè уште сум лут за примениот гол! Сменивме неколку работи во одбраната кои не смеевме да ги превидиме. Во Европа мора да учиме од секоја ситуација, дури и по вака голема победа. Сега целиот фокус го префрламе на следниот предизвик во првенството“., рече шпанскиот тренер.
Со девет освоени бода Комо е блиску до пласман во следната фаза, а сега ќе ги нападне и првите осум места кои водат во осминафиналето.






