Фабрегас: Кога губевме јас плачев, додека некои мислеа на – забави!

Сеск Фабрегас, шпанскиот фудбалер кој настапува за Монако, откри зошто си заминал од редовите на Арсенал. Играчот од средниот ред истакна дека соиграчите не биле фокусирани на фудбал и дека поразите не ги сфаќале сериозно.

„Кога ќе загубевме натпревар јас одев дома плачејќи. Во автобусот бев уништен. А слушав други играчи како се смеат и како размислуваат како ќе одат на забава после“, изјави Фабрегас.

32-годишниот играч пристигна во Арсенал во 2003 година и тоа беше неговиот прв клуб како професионален фудбалер. Беше дел од „топџиите“ се до 2011 година кога реши да замине во Барселона. Фабрегас потоа го носеше дресот на Челзи, а сега на Монако.