• Иван Димовски

Фудбалскиот клуб Комо по две децении пак ќе игра во Серија А, па гради тим за настап во елитниот ранг на калчото.
Ко-сопственикот на овој клуб, легендарниот Цеск Фабрегас и официјално ја презеде клупата на Комо. Минатата сезона тој фигурираше како помошник бидејќи немаше А-лиценца од УЕФА, меѓутоа откако ја доби го презема водството на првиот тим.
Освен Фабрегас и вчера Пепе Реина, клубот од крај култното италијанско езеро доведе уште еден искусен Шпанец. Нов фудбалер на Комо е Алберто Морено. 32-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Виљареал каде што му истече договорот, а претходно играше и за Ливерпул.
Претходно Комо се засили со Андреа Белоти, Досена, а се работи и на „бомба“ во името на светскиот првак Рафаел Варан.