Фабрегас го враќа Матиќ во Серија А?

Иако има 36 години Немања Матиќ уште е на цена во фудбалскиот свет. Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, се обидува да го убеди својот поранешен соиграч од Челси, Немања Матиќ да му се приклучи на неговиот тим.

Матиќ е играч на Лион, но францускиот клуб има сериозни финансиски проблеми и тешко дека ќе биде проблем да се раздели со играчот. Дебитантот во Серија А, исто така, сака да го ангажира Максимо Пероне од Манчестер Сити.

Комо е бод над зоната за испаѓање и добро се претставува, но ќе има тешка задача за опстанок во вториот дел од сезоната.  

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.