ВИДЕО: Фабио Мирети со два гола донесе три бода за Џенова со Лече

Екипата на Џенова забележа победа против Лече (2-1) на отворањето на 29. коло на Серија А

Човек на одлука за „грифоните“ беше Фабио Мирети. Играчот за врска беше двоен стрелец за Џенова и тоа во првиот дел од средбата. Мирети го отвори резултатот во 16. минута од средбата, а потоа во 47. минута од првиот дел удвои на 2-0. 

Во продолжението „млекарите“ добија пенал, одговорноста ја презеде Никола Крстовиќ и погоди за 2-1 во 68. минута. Сепак, Лече до крајот не успеа да стигне до израмнувачки погодок. 

  • Извештај од натпреварот:

Џенова победи по три рунди во калчото и стигна до 35 бода на 12. позиција, а Лече има десет бода помалку на 16. позиција.