Фабио Коентрао ја прекина пензијата и по 513 дена му се врати на фудбалот

Фабио Коентрао, некогашниот репрезентативец на Португалија и лев бек на Реал Мадрид ја прекина пензијата и повторно ќе игра фудбал.

32-годишникот ги закачи копачките на клин пред 513 дена, но реши пак да му се врати на фудбалот. Тој е нов играч на португалски Рио Аве, кој го претстави како засилување. Доаѓа како слободен играч и веќе почна да тренира со екипата.

Договорот на Коентрао и Рио Аве е потпишан на една година. Последен клуб на Португалецот беше токму Рио Аве каде играше во 2019 година, а последниот натпревар го одигра лани во месец мај.

Левиот бек во богатата кариера играше и за Спортинг Лисабон, Монако, Реал Мадрид, Сарагоса, Насионал и Бенфика.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.