Фабио Гросо именуван за наследник на Блан во Лион

По заминувањето на Лоран Блан, Олимпик Лион брзо го избра новио предводник. Поранешниот шампион на Франција го назначи Фабио Гросо за нов шеф на стручниот штаб.

Светскиот првак Гросо во својата кариера настапуваше за Лион во периодот од 2007 до 2009 година и во тој период ја освои титулата и Купот. Во својата тренерска кариера досега ги водеше Бари, Верона, Бреша, швајцарски Сион и Фросиноне.

Лион моментално е на последното место во францускиот шампионат со само еден освоен бод по четири одиграни натпревари.

Дебито на Гросо е предвидено за в недела навечер, кога Авр гостува во Лион.