ВИДЕО: Фабињо со бомба за паметење во англиското дерби за врвот!

Ливерпул во раната фаза го отвори дерби-дуелот со Манчестер Сити (0-1), со атрактивен гол на Фабињо.

По една контра, фудбалерот од средниот ред на „црвените“ доби топка од далечина и со вистински проектил го матира чуварот на мрежата на Сити.

  • Голот на Фабињо против Ливерпул:

Интересно, пред да падне голот, Серхио Агуеро бараше пенал поради игра со рака во казнениот простор, но судијата не дозволи такво нешто.

Неколку минути подоцна Ливерпул постигна и втор гол, преку Мохамед Салах, по една нова пеколна контра (2-0).