• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски првак Вардар одигра одличен натпревар против КуПС во Финска, во кој се избори за продолженија со победа од 0-2 во регуларниот дел, ама во екстра-времето триумфот остана минимален (2-3) и така финскиот првак оди во следната рунда на Лигата на шампионите. По мечот, тренерот Кристијан Фабијани беше видно разочаран, но им честита на играта на своите фудбалери.
„Предноста на КуПС пред овој двомеч како што кажав и претходно беше што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека на нив добро сме се подготвиле - одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против КуПС и сега се фокусираме на следните дуели.“, изјави Фабијани.
Екипата од Куопио заради победата од 2-0 во Скопје и вкупниот резултат 4-3 останува во елитното друштво и во второто коло ќе игра со Сабах од Азербејџан или ТНС од Велс, додека Вардар го чека двомеч во Конференциската лига со Рига од Летонија или Арарат од Ерменија.









