Фабиански ја обнови повредата, му следат две недели пауза

Новиот менаџер на Вест Хем, Дејвид Мојс се соочува со непредвиден проблем пред продолжувањето на шампионатот на Англија за време на викендот. Голманот Лукаш Фабиански ќе биде надвор од терените две недели, откако се повреди на последниот меч со Шефилд Јунајтед.

Полјакот минатата година имаше воспаление, што го принуди да оди на операцијата на ткиво на колкот.

„Старата повреда на Лукаш не се влоши. Само воспалението да се смири и очекуваме тој да биде подготвен повторно да застане на голот за неколку недели“, рече клупскиот лекар на Вест Хем.

„Чеканите“ по 21 коло од Премиер лигата се 16-ти со 22 освоени бода и заостанат натпревар против лидерот Ливерпул.