ФА покрена дисциплинска постапка против Агуеро, Аргентинецот се соочува со драстична казна!

Серхио Агуеро

„Малиот“ Виган Атлетик синоќа направи големо изненадување во најмасовното англиско фудбалско натпреварување ФА Купот, откако на свој терен со 1-0 го елиминира фаворизираниот Манчестер Сити. 

Но, мечот имаше и „трето полувреме“ кога големата победа домашните навивачи одлучија да ја прослават заедно со фудбалерите на терен, а некои од нив го искористија тој момент и за да ги испровоцираат разочараните фудбалери на Пеп Гвардиола. 

На ваквите провокации домашните фанови најбурно реагираше, Серхио Агуеро, кој се осмели да крене рака по еден од нив, по што остро беше критикуван од фудбалската јавност, а најверојатно сега се соочува со драстична казна од Фудбалската асоцијација на Англија. 

Како што пренесуваат медиумите од Островот, ФА веднаш свика вонредно собрание и покренала дисциплинска постапка против Аргентинецот, кој според најавите ќе добие најмалку три меча суспензија.