ФА не попушти и ја потврди суспензијата на Обамејанг

Фудбалската асоцијација на Англија ја одби жалбата на Арсенал и ја потврди суспензијата на најдобриот фудбалер на „топџиите“ Пјер Емерик Обамејанг

Репрезентативецот на Габон заработи црвен картон на натпреварот против Кристал Палас, откако групо стартуваше врз Мајер. Иако главниот судија покажа само жолт картон, од ВАР собата реагираа и Обамејанг заработи исклучување. 

Од редовите на Арсенал инсистирале дека нивата ѕвезда ненамерно го направил тој прекршок и заслужува намалување на суспензијата, но од Фудбалската асоцијација не го променија ставот и Обамејанг доби казна од три натпревари. 

Тоа значи дека капитенот на лондончани нема да настапи против Шефилд и Челзи од Премиер лигата и со Борнмут во рамки од ФА Купот.