• Саше Љолес
Тренерот на Лидс Јунајтед, Даниел Фарке, доби суспензија од еден натпревар поради инцидентот со судиите по завршувањето на премиерлигашкиот меч против Манчестер Сити.
По последниот судиски свиреж, Фарке влезе на теренот и се упати кон судијата Питер Бенкс за да протестира поради неколку негови одлуки. Поради тоа веднаш доби црвен картон, а дисциплинските органи му изрекоа и казна - суспензија од еден натпревар и парична казна.
Тренерот ја прифатил одговорноста за своето однесување, но нагласил дека реакцијата била резултат на големата тензија по натпреварот.
Поради суспензијата, Фарке нема да може да го води тимот од клупата на следниот натпревар, па неговото место ќе го преземе еден од асистентите во стручниот штаб. Лидс моментално се бори за подобар пласман во Премиер лига, а клубот се надева дека ваквите инциденти нема да влијаат на формата на екипата во продолжението од сезоната.




