ВИДЕО: ФА Купот ќе добие нов победник, Брајтон сурово го исфрли големиот Ливерпул

Бранителот на трофејот од ФА Купот, Ливерпул на Јирген Клоп неочекувано е елиминиран од ФА Купот, откако попладнево загуби во Брајтон со 2-1 (1-1), со примен гол во судиското надополнување. Ова е уште еден силен удар за Клоп, бидејќи Ливерпул во ништо не наликува на тимот од минатата сезона. 

  • Брајтон - Ливерпул 2-1: 

Клоп се одлучи за Гакпо и Салах од првата минута и младите Елиот и Бајчетиќ како нивна поддршка. Против незгодниот Брајтон на Де Зерби едноставно не може да се игра дефанзивно, па затоа „црвените“ од старт нападнаа. По две шанси на Салах, Египќанецот подобро се снајде како додавач и во 30. минута му помогна на Елиот да го отвори резултатот (0-1).

Сепак, само девет минути подоцна Брајтон израмни, откако Дамп, на додавање на Лампти ја погоди мрежата на Алисон (1-1). Петнаесеттина минути во вториот дел се играше со висок интензитет и многу шанси, но потоа двете екипи ги стигна замор и почнаа да грешат. Де Зерби и Клоп ги внесоа Милнер, Дарвин Нуњез, Вебстер, Конате, но ниту еден од нив не остави трага врз натпреварот. Кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши без победник, во втората минута од надополнувањето, Митома, на додавање на Еступињан го матира Алисон и донесе историско осминафинале за Брајтон (2-1). 

Со голот на Браун во третата минута, Стоук го совлада четвртолигашот Стивенеџ и се пласира во осминафиналето.

  • Стоук Сити - Стивенеџ 1-0: 

Утревечер, по завршувањето на натпреварот Дерби Каунти - Вест Хем ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето на ФА Купот.