ФА Куп ждрепка: Спектакл на „Емирати“, Сити ќе игра против тимот на Гигс, Сколс, Бекам...

Вечерва беше извршена ждрепката за третото коло во ФА Купот на Англија, во која се приклучија и екипите од Премиер лигата и Чемпионшип.

Ждрепката беше спроведена од „Олд Трафорд“, домот на актуелниот сопственик на трофејот од ФА Купот, Манчестер Јунајтед. Главни актери на истата беа поранешните напаѓачи на „црвените ѓаволи“ Марк Хјуз и Дион Даблин, кои не му донесоа среќа на својот поранешен клуб, бидејќи во оваа рунда Манчестер Јунајтед ќе се судри со Арсенал. Ланскиот финалист Манчестер Сити ќе се сретне со Салфорд Сити, тим чии сопственици се легендите на Јунајтед, Рајан Гигс, Бат, Бекам, браќата Невил и Пол Сколс.

Натпреварите во третото коло од ФА Купот ќе се одиграат во во вториот викенд од јануари 2025 година, а наскоро се очекува да биде објавен и комплетниот распоред.