• Зоран Мишевски

Ждрепката за четвртфиналето на ФА Купот донесе спектакуларна ждрепка за единствениот Македонец во натпреварувањето, Дарко Чурлинов. Имено, напаѓачот, ако добие шанса од менаџерот Винсент Компани, ќе заигра на „Етихад'“, бидејќи ждрепката го соочи неговиот Барнли со премиерлигашкиот шампион.
Манчестер Јунајтед доби премиерлигашки противник, но пак ќе игра на „Олд Трафорд“.
Четвртфинале:
Манчестер Сити - Барнли
Манчестер Јунајтед - Фулам
Брајтон - Гримзби Таун
Шефилд Јунајтед - Блекбурн
Натпреварите од четвртфиналето се играат на . Полуфиналните дуели и големото финале ќе се одиграат на легендарниот „Вембли“.