ФА Куп: Јунајтед налета на Ван Нистелрој, поволна ждрепка за Сити и Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го продолжија походот кон одбрана на трофејот во ФА Купот, а во четвртото коло ќе се сретнат со Лестер Сити, чиј тренер е поранешниот голгетер и привремен менаџер на „црвените ѓаволи“, Руд ван Нистелрој.

Останатите конкуренти на патот до осминафиналето се соочија со многу полесни ривали. Минатосезонскиот финалист Манчестер Сити ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Лејтон Ориент и Дерби, додека Ливерпул ќе патува во Плимут против новиот менаџер на овој клуб кој го замени Вејн Руни

Четврто коло во ФА Купот: 
Манчестер Јунајтед - Лестер Сити
Лидс Јунајтед - Милвол/Дагенхем
Брајтон - Челзи 
Престон/Чарлтон Атлетик - Вајком Вондерерс 
Ексетер Сити - Нотингем Форест 
Ковентри Сити - Ипсвич Таун 
Блекбурн Роверс - Вулверхемптон
Бирмингем Сити – Њукасл Јунајтед 
Плимут Аргајл – Ливерпул 
Евертон – Борнмаут 
Астон Вила - Тотенхем 
Саутемптон - Барнли 
Лејтон Ориент/Дерби Каунти - Манчестер Сити 
Донкастер Роверс - Кристал Палас 
Стоук Сити - Кардиф Сити 
Менсфилд Таун/Виган - Фулам

Натпреварот од четвртото коло на ФА Купот се закажани за 7-10 февруари.