ФА Куп: Гигантите од Манчестер се избегнаа, дерби само во финалето!

Пред малку беше извршена ждрепката за полуфиналната фаза од овогодинешниот ФА-Куп. Доколку успее да го мине Фулам, Манчестер Јунајтед во полуфиналето ќе се соочи со екипата на Брајтон, додека најголемиот ривал, Манчестер Сити ќе игра со Шефилд Јунајтед.

Двата меча ќе се одиграат на најубавиот стадион во Англија, легендарниот „Вембли“, а закажни се за 22 и 23 април. Финалето на ФА-Купот ќе се одигра на истиот стадион, една седмица по завршувањето на Премиер лигата, поточно на 3 јуни. 

Двата големи ривала од северот на Англија се огромни фаворити во полуфиналните двојки, па нивно евентуално соочување во големото финале ќе биде фудбалски спектакл на Островот и насекаде низ светот. 

Прв тим што обезбеди полуфинале беше Манчестер Сити, кој последен пат го освои овој трофеј во 2019 година. 

Најнови вести од
ФА Куп, Англија