• Мартин Танасковски
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе отслужи суспензија од два натпревари поради жолти картони.
Шпанецот ќе го пропушти натпреварот од Премиер лигата со Вест Хем на 14 март и четвртфиналето од ФА Купот во првиот викенд од април.
Сепак, Гвардиола ќе може да го предводи својот тим во финалето на Лига Купот на 22 март, иако тоа ќе се игра помеѓу двата натпревари за кои тренерот ќе биде суспендиран.






