ФА го казни Клоп поради коментари за судењето на мечот со Вест Хем

Клоп казна

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му изрече казна на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германскиот стручњак ќе плати 45.000 фунти поради коментарите за судењето по натпреварот со Вест Хем. Неговиот тим одигра 1-1, а тој реагираше на арбитражата на помошникот на главниот судија, Кевин Френд.

„Слушнав дека нашиот погодок беше офсајд. Сигурен сум дека судијата знаеше за тоа“ , биле зборовите на 51-годишникот од Штутгарт.

Високата парична казна ФА ја образложи со објаснување дека Клоп го „нарушил интегритетот на судијата и имплицирал пристрастност“.