Езекиел Гарај е замената за Пике во Барселона

По сериозноста на повредата на дефанзивецот Пике, Барселона е приморана да доведе одбранбен фудбалер како негова замена. Според добро упатени извори во Каталонија, нов фудбалер на Барселона ќе стане ветеранот Езекиел Гарај.

Пике се повреди на натпреварот од десеттото коло на шпанскиот шампионат против Атлетико Мадрид. Дефанзивецот беше заменет во 62. минута од средбата и му беше дијагностицирано истегнување на внатрешниот страничен лигамент од трет степен и повреда на предниот вкрстен лигамент на десното колено.

34-годишниот Аргентинец Гарај може да се приклучи на каталонскиот клуб како слободен агент и веднаш да дебитира во Примера. Што се однесува до Лигата на шампионите, може да биде регистриран дури за пролетните натпревари. 

Летото, фудбалерот ја напушти Валенсија откако му заврши договорот.