ВИДЕО: Европските шампиони се вратија дома – улиците во Мадрид претесни за фановите!

Шпанската фудбалска делегација се врати дома. Новиот европски шампион вечерва пристигна во Мадрид, каде беше пречекан од илјадници фудбалски фанови.

Улиците во главниот шпански град беа претесни за мадриѓани, а плоштадот беше преполн во чест на четвртата европска титула на „црвената фурија“. 

Четата на Луис де ла Фуенте се „прошета“ во Германија. На доминантен начин, со седум победи од исто толку натпревари Шпанија по четврти пат во историјата стана шампион на Европа, а фудбалерите и целата делегација беа дочекани во Мадрид како што доликува на еден голем шампионски тим.