ВИДЕО: Европските прваци ги добија признанијата од УЕФА за минатата сезона

Фудбалерите на Челзи дојдоа до тешко извојувана победа на домашната пресметка со рускиот Зенит и на својот „Стемфорд Бриџ“ минимално славеа со 1-0. Стрелец на единствениот погодок беше повратникот Ромелу Лукаку, кој во вториот дел го реши натпреварот. 

Во пресрет на дуелот, пред стартот првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин им ги врачи признанијата од Европската куќа на фудбалот за минатата сезона. Жоргињо беше избран за најдобар фудбалер во Европа, Томас Тухел за најдобар тренер, а Менди и Канте добија признанија за најголем придонес на своите позиции. 

  • Инсерти од свеченото доделување на признанијата:

„Сините“ имаа најмногу признанија на свеченото гала-доделување, кое се случуваше во склоп на ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите. Сепак, поради ковид-протоколите ниту еден од играчите, ниту Тухел не беа во Нион за да ги примат признанијата, па тоа се случи на дуелот на „Стемфорд Бриџ“.  

Состави

Томас Тухел

4-4-2

    Sergey Semak

    4-4-2