Европските гиганти го „пикираа“ новиот мега-талент на Хајдук

Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за новиот мега-талент кој доаѓа од Хрватска. Се работи за 16-годишниот Бруно Дурдов од Хајдук, кој важи за еден од најдобрите играчи на неговата генерација. 

Дурдов во дебитантската сезона блеска со настапите на „Пољуд“ и досега одигра 11 натпревари, кои ги „зачини“ со три постигнати голови. Пред само еден месец потпиша професионален договор со сплитскиот тим и пред него е изборот каде ќе ја продолжи кариерата. 

Младиот Дурдов е офанзивно лево крило, но има и дефанзивни карактеристики, а неколкумина аналитичари го споредија неговиот стил на игра со Џердан Шаќири од Швајцарија. Со само 16 години девет месеци и десет дена стана најмладиот стрелец во историјата на Хајдук. На „радарот“ за неговиот потпис се клубови како Милан, Лацио, Тотенхем, Брентфорд и Атлетико Мадрид.