Европскиот првак пред прво засилување: Кунде на пат за Лондон

Новопечениот француски репрезентативец и дефанзивец на Севиља, Жил Кунде се наоѓа пред трансфер во Челзи. Французинот се согласи за условите на договорот со европскиот првак, а блиску е и договорот меѓу клубови.

Кунде е подготвен да потпише договор до 2026 година. 22-годишникот Најголемата трансферна цел на Челзи ова лето сака да игра во Лигата на шампионите, па претходно одби да се пресели во Тотенхем.

Кунде дојде во Севиља од 2019 година од Бордо. Минатата сезона тој одигра 34 натпревари од шпанскиот шампионат, постигна два гола, запиша една асистенција и доби четири жолти картони. На Европското првенство одигра еден натпревар за „петлите“, осминафиналниот против Швајцарија. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.