• Иван Димовски

Фудбалерите на Пари Сен Жермен направија вистинско гол-шоу на гостувањето кај Виљареал во Лигата на шампионите.
Европскиот првак од деветтата до седумнаесеттата минута постигна неверојатни четири гола. Резултатот го отвори Жоао Невеш во деветтата, па следувваа два во 12. и 13. на Дезире Дуе и Сени Мајулу, додека шоуто го заокружи Фабијан Руиз.
Интересно е да се нагласи дека два од трите гола дојдоа по грешка на голманот Петар Гулаши кој погрешно додаде, а потоа погреши и еден од дефанзивците за четвртиот погодок.







