Еврoпскиот првак Ливерпул е трет фаворит за освојување на ЛШ наредната сезона

Ливерпул

Се очекуваат уште многу промени до почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите на листата најголеми фаворити за европската титула. Обложувалниците оваа недела ги открија имињата на екипите кои имаат најголеми шанси за „долгоушкото“.

На првото место е Манчестер Сити, кој во изминатата сезона беше елиминиран во четвртфиналето од Тотенхем. Следува Барселона, која би требало да се засили со Антоан Гризман, а можеби и со Нејмар.

Следуваат Ливерпул и Реал Мадрид на кои им се даваат подеднакви шанси за успех, а листата ја заокружува Јувентус со Кристијано Роналдо и новиот тренер Маурицио Сари.

Дали според вас оправдано им се дава предност на „граѓаните“ на Пеп Гвардиола во однос на останатите гиганти?