Европскиот првак е понатаму: Ливерпул победи во атомскиот меч со Салцбург! (ВИДЕО)

Ливерпул запиша тешко освоени три бода од гостувањето кај Салцбург за пласман во нокаут рундата од Лигата на шампионите (0-2). Иако домаќините одлично парираа, на европскиот шампион му беа потребни само две минути за недостижна предност. Ливерпул ги искористи своите шанси и го испрати Салцбург во Лига Европа.

  • Извештај од натпреварот: 

Во првиот дел двете екипи тргнаа фуриозно и не размислуваа многу на играта во дефанзива. По неколку добри шанси беа спречени од Алисон Бекер на едната и Цицан Станковиќ на другата страна. И покрај брзото темпо и многуте шанси, мрежите до полувреме мируваа. 

По паузата Ливерпул ја презеде иницијативата и ја контролираше играта. Резултатот беше отворен во 57. минута кога Садио Мане одлично го претрча Онгуен и го навлече на себе голманот Станковиќ. По нафрлената топка одлично реагираше Наби Кеита и со глава ја погоди мрежата на Салцбург.

Само 100 секунди му беа потребни на Мохамед Салах да му пресуди на Салцбург и да ја удвои предноста. По една наизглед безопасна топка кон осамениот Египќанин, повторно Онгуен лошо реагираше и даде краток пас назад кој Салах го пресече. Мо го предрибла и голманот Станковиќ и речиси од „мртов агол" го погоди празниот гол. 

По двата гола, Англичаните мирно го приведоа натпреварот кон крајот. Имаа уште неколку шанси, а најдобрите беа преку Фирмино и Салах, но не успеаја да погодат. Салцбург како да падна на психолошки план и не беше истата екипа од пред негативата. Австријците имаа шанса да намалат преку Минамино, но неговиот шут беше блокиран. 

Со оваа победа Ливерпул се враќа на првата позиција во групата и ќе има подобро место пред ждрепката за нокаут фазата, која ќе се одржи следниот понеделник во Нион, со почеток точно напладне. Од друга страна Салцбург ќе продолжи во шеснаесеттина финалето од Лига Европа, каде што според играта ќе биде кандидат за висок пласман. 

Состави

Jesse Marsch

4-3-1-2

    Jurgen Klopp

    4-1-2-3