• Иван Димовски
Пари Сен Жермен ќе биде ослабен на гостувањето кај Атлетик Билбао во шестото коло од Лигата на шампионите.
Пристигна потврда дека Усман Дембеле нема да настапи поради болест. Француските медиуми јавуваат дека „Златната топка“ го пропуштил тренингот во понеделник, а медицинскиот тим проценил дека нема да може да игра во среда.
Луис Енрике ќе има дополнителни проблеми со составот, бидејќи повредениот голман Лукас Шевалие исто така отпадна од конкуренција и на голот ќе застане Матвеј Сафонов. Надвор од тимот остануваат и Лукас Бералдо и Ашраф Хакими, кои сè уште се рехабилитираат, додека Дезире Дуе се враќа во составот и ќе биде во комбинација за настап.
Натпреварот меѓу Атлетик и ПСЖ ќе се игра во среда од 21;00 часот во Билбао.






