• Саше Љолес
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и белгиската репрезентација, Дивок Ориги, официјално се пензионира од професионалниот фудбал на 31-годишна возраст.
Ориги ја донел одлуката да стави крај на својата играчка кариера по повеќе од една деценија играње на највисоко ниво, каде што го носеше дресот на клубови како Лил, Ливерпул, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест.
Тој останува запаметен како еден од најзначајните „џокери“ во модерниот фудбал, особено по клучните голови за Ливерпул во Лигата на шампионите, вклучувајќи ги настапите во историскиот пресврт против Барселона во 2019 година и финалето истата сезона.
Во својата објава, Ориги истакна дека ги исполнил своите детски соништа, настапувал на најголемите сцени и освоил големи трофеи, по што чувствува дека неговата фудбалска мисија е завршена.
На овој начин, завршува кариерата на напаѓачот кој остави силен печат во европскиот фудбал, и покрај тоа што често беше користен како играч од клупата, но со огромно влијание во клучните моменти од натпреварите. Со Ливерпул освои шест различни титули, меѓу кои и една во Лигата на шампионите.

