• Мартин Танасковски
Норвешки Бодо Глимт одигра доминантна сезона во Елитсериен и моќно дојде до посакуваната титула, а дека овој колектив немаше конкуренција, говори еден импресивен податок.
Бодо ја заврши сезоната со 19 бода повеќе во однос на вицепрвакот Молде, а има страшна гол-статистика. На сите 30 натпревари во шампионатот, фудбалерите на овој тим постигнаа по најмалку два гола во мрежите на противниците.
Актуелниот норвешки првак урна многу рекорди во својата земја, а еден од нив е и бројот на постигнати голови во една сезона – вкупно 103.
Бодо Глимт оваа сезона ја претставуваше Норвешка и во Лигата на Европа, ама испадна од Милан.