ВИДЕО: ЛШ е сè подалеку, Шефилд кобен по Тотенхем и Мурињо

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед го победија директниот ривал за висок пласман во Премиер лигата Тотенхем, откако на „Брамал Лејн“ славеа со 3-1. Со еден гол во првото и два во второто полувреме, екипата која е меѓу најпријатните изненадувања во лигата, ги освои трите бода и да му зададе удар на ривалот за место во евро-куповите. 

  • Извештај од натпреварот: 

Иако Тотенхем подобро го отвори натпреварот и се закани прв преку Кејн и Диер, нивните удари завршија покрај гредите. Првиот вистински удар и сериозна шанса заврши со предност на домаќинот, откако Башам прецизно го проигра Сандер Берге, а Норвежанецот стрелаше за 1-0 во 31. минута. Бргу потоа, Кејн се запиша меѓу стрелците, но поради спорна игра со рака од Моура голот на „петлите“ не важеше.

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: ВАР повторно во главна улога – дали Тотенхем е оштетен во Шефилд?

Вториот дел започна одново во знакот на момците кои ги одбра Жозе Мурињо. Јаловите напади на Тотенхем не вродија со плод, па на спротивната страна пристигна казната. Стивенс одигра двојно проигрување со Озборн, па на „тацна“ му асистираше на Лис Мусе и веќе во 69. минута беше 2-0. 

Сандер Берге по голот запиша и асистенција до своето име, па во 84. минута на сличен начин како при неговиот погодок ја искористи заспаната одбрана на Тотенхем, а МекБурни стрелаше за 3-0. Во последната минута од регуларниот дел, почесен погодок за гостите од Лондон запиша Хари Кејн, кому целата работа му ја заврши Сон и го постави конечниот резултат.