ВИДЕО: Европа добива нов владетел, залудна победа на Баерн во Париз

ПСЖ се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите и покрај поразот на реваншот против Баерн Минхен (0-1). Поради победата со повеќе гостински голови тимот на Маурицио Почетино ќе се бори за ново финале во елитното натпреварување.

  • Извештај од натпреварот:

Очакувано поседот на топка беше на страна на гостите. Но, францускиот првак можеше рано да го отвори резултатот, ако Нејмар беше повнимателен и навремено реагираше по една акција на Мбапе. Бразилецот пропушти зицер позиција од непосредна близина, поточно Нојер го доби директниот дуел.

Следуваше мирен период, а потоа две шанси во низа поропуштија баварските фудбалери. По една лоша исфрлена топка од Навас, Сане се најде во изгледна позиција, но биеше непрецизно. Една минута подоцна и Кимих не искористи брзоплета реакција на противничката одбрана, биејќи по земја покрај голот на домаќинот.

Најголемата шанса за погодок ја имаше Нејмар. Одново гостинскиот голман беше на висината на задачата, откако Мбапе истрча контра напад и несебично додаде до својот соиграч. Бразилскиот фудбалер повторно биеше по земја и директно во германскиот чувар на мрежата. Овие двајца актери одново беа во главна улога, кога домашниот напаѓач се ослободи од директниот чувар и биеше со левата нога, но повторно наиде на блокот на Нојер.

Нејмар беше најдобар поединец кај ПСЖ во завршницата од полувремето. Пред паузата ја погоди и рамката од голот на Баерн, што беше најзрела прилика за гол на „принцевите“ во првите 45 минути. Казната на спротивната страна ја сервираше Чупо-Мотинг, кој со глава го совлада Навас по една мешаница и удар на Алаба.

Огромна шанса пропушти Нејмар и на стартот од продолжението. Ди Марија одлично се снајде на мал простор и додаде до бразилскиот ас, кој беше пократок за погодок и во оваа ситуација. Пред голот на Навас се закани Милер, но не стигна за да испрати лоб удар и да го зголеми водството.

Баварците како да собираа сили за завршен напад, па го намалија притисокот во еден период од вториот дел. Наместо тоа можеше да се случи шок, кога Мбапе ја затресе мрежата на Нојер. За среќа на гостите судијата го поништи погодокот поради офсајд. Пред голот на Навас речиси и да не се случуваше ништо до крајот, единствено Сане испрати една опасна топка, до која не стигна ниту еден од неговите соиграчи. 

Противник на ПСЖ во полуфиналната фаза ќе биде подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, кој е закажан за среда навечер.