Европа четврти Мундијал по ред дава светски првак!

По елиминацијата на Бразил од Белгија, новиот фудбалски шампион повторно ќе биде од Европа, со што воедно и ќе продолжи доминацијата на европските репрезентации, кои четврти пат по ред ќе бидат освојувачи на шампионскиот трофеј.

Европа до овој Мундијал имаше предност пред Јужна Америка со 11-9. а по денешните порази на Уругвај и Бразил, тој скор ќе биде зголемен на 12-9. Последна селекција која го освои Мундијалот, а не доаѓаше од Европа, е токму Бразил во 2002 година (Јапонија и Јужна Кореја)

Првиот полуфинален натпреват на Мундијалот во Русија ќе го сочинуваат Франција и Белгија, а вториот ќе биде познат по утрешните битки меѓу Англија - Шведска и Русија - Хрватска.