ВИДЕО: Евроголови на Кучка и Хамшик, Словачка ја наполни мрежата на Азербејџан! 

Фудбалската репрезентација на Словачка по минималниот пораз од Велс експресно им се врати на успесите во евро-квалификациите, откако вечерва на гости запиша убедлива победа над селекцијата на Азербејџан

Избраниците на Хапал со 1-5 го совлада аутсајдерот во групата Е, а фудбалските фанови кои го следеа овој натпревар во Баку можеа да уживаат во ремек-делата на гостинските фудбалери. Резултатот го отвори Лоботка во 8. минута, а во листата на стрелците уште се запишаа Кучка, Хамшик (2) и Ханцко, додека за Азарбејџан погоди само Шејдаев за 1-2. 

Од петте погодоци на Словачка вистински евроголови беа слободниот удар на Кучка од преку 30 метри, како и мајсторијата на поранешната ѕвезда на Наполи, Марек Хамшик

По три одиграни кола, Словачка е лидер на табелата со шест бода, исто колку и Унгарија и Хрватска

Европско првенство, Квалификации, Група E
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УнгаријаУнгарија 4 3 0 1 6:4 2 9
2 СловачкаСловачка 2 3 2 0 1 7:2 5 6
3 ХрватскаХрватска 1 3 2 0 1 5:4 1 6
4 ВелсВелс 1 3 1 0 2 2:3 -1 3
5 АзербејџанАзербејџан 3 0 0 3 3:10 -7 0