ВИДЕО: ЕВРОГОЛ од слободен удар на Унал, но Аидо не дозволи славје на Хетафе!

Екипите на Селта и Хетафе со реми со по еден постигнат гол го затворија 11. коло во Примера. Во Виго, гостите од Мадрид долго време беа во поволна ситуација и имаа водство од 0-1, но во самиот финиш Аидо го расипа нивното славје и на домашниот тим му донесе значаен бод.

  • Извештај од натпреварот: 

Резултатот на натпреварот беше отворен во 43. минута, откако турскиот репрезентативец Унал со фантастичен погодок од слободен удар донесе молк на трибините и водство на Хетафе од 0-1. Во вториот дел Селта континуирано напаѓаше и ја бараше празнината за израмнување на резултатот, а тоа се случи пред самиот крај, кога Аидо стрелаше за конечни 1-1. 

Во самата завршница малку фалеше Селта да дојде до цел плен, но Јаго Аспас од изгледна позиција за малку не погоди.

Со вечерашното реми Селта направи мал скок на табелата и сега е на 13. позиција, додека Хетафе остана на 17. место.

Состави

Carlos Carvalhal

4-4-2

    Pepe Bordalas

    5-3-2