ВИДЕО: Еврогол на Тадиќ, Ајакс го скрши отпорот на АПОЕЛ и слави нова ЛШ! 

Екипата на Ајакс и нова сезона ќе биде дел од елитата на европскиот фудбал, откако потешко од очекуваното го помина кипарски АПОЕЛ во плеј-офот на Лигата на шампионите. 

Холандскиот шампион по разочарувачките 0-0 на гости, вечерва повторно не блескаше, но сепак одигра онолку колку што беше потребно за победа и нова групна фаза во најквалитетното клупско натпреварување на УЕФА, 2-0 (1-0). 

  • Ајакс - АПОЕЛ 2-0:

По мирниот почеток, и неколкуте полушанси пред голот на гостите, Зијеч и Тадиќ ги имаа првите посериозни можности за отворање на резултатот. Нивните неуспешни обиди ги поправи Едсон Алварез, кој во 43. минута беше на висината на задачата и донесе голема радост за домашната публика на „Јохан Кројф“. 

На полувреме се замина со 1-0 за Ајакс, а по само пет минути игра во продолжението искусниот Клас Јан Хунтелар се најде на вистинско место и со многу среќа со глава ја смести топката во мрежата на АПОЕЛ, но неговиот гол не беше признат, затоа што ВАР досуди прекршок за гостите. Избраниците на Тен Хаг имаа уште неколку изгледни шанси за погодок, а нова радост за фановите донесе српскиот ас Душан Тадиќ, откако во 80. минута со еврогол ги постави конечните 2-0. 

По сензационалната победа на гости (0-1), екипата на Бриж беше сигурна и пред својата публика против австриски Линц и заслужено со нова победа од 2-1 обезбеди учество во новата сезона на Лигата на шампионите. Место во групата фаза на ова натпреварување имаше и за Славија Прага, која со две победи од по 1-0 против Клуж го продолжи својот настап во Лигата на шампионите. 

  • Бриж - ЛАСК 2-1:

  • Славија Прага - Клуж 1-0:

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите е закажана за утре од 18:00 часот.