• Горан Упале
Фудбалерите на Баерн Минхен и Баер Леверкузен го поделија пленот (1-1) во дерби натпреварот од петтото коло на германската Бундеслига.
- Извештај од натпреварот:
Моментално најголемото дерби во германскиот фудбал ни донесе поделба на бодовите на што повеќе ќе му биде благодарен актуелниот шампион на Германија, бидејќи Баварците доминираа во текот на сите деведесет минути, но немаа доволно среќа во завршницата.
Откако Олисе се обиде од слободен удар на средината на првото полувреме, гостите од Леверкузен први дојдоа во водство во 31. минута. Роберт Андрих го искористи додавањето на Гранит Џака и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада немоќниот Мануел Нојер.
Следеше офанзива на Баерн, кој возврати на вистински начин, откако Александар Павловиќ постигна фантастичен гол за израмнување. Се играше во 39. минута кога новопечениот германски репрезентативец со српско потекло испрати „проектил“ од 25 метри и го врати својот тим во игра. Почетокот на вториот дел од играта му припадна на Баерн, кој се закани најпрвин преку Гнабри, кој ја погоди гредата, а потоа и преку Олисе, чиј удар успеа да го скроти голманот на гостите.
Дека Баерн имаше повеќе од играта на „Алијанц Арена“ говори и статистиката која вели – 67-33% во посед на топката, како и односот на ударите кон противничкиот гол (19-3). Но, на крај се бројат само головите, па затоа посреќен од ова реми е гостинот од Леверкузен.