Лудница во Мадрид: Гризман покажа класа, Атлетико од „минус два“ до победа над Севиља (ВИДЕО)

Денешната програма во Примера беше затворена со спектакуларен натпревар во Мадрид, каде домашниот тим на Атлетико Мадрид се врати од два гола негатива и забележа неверојатна победа над Севиља со 4-3 (1-2).

Во текот на целиот натпревар на „Ванда Метрополитано“ се играше со висок интензитет, што говорат и постигнатите голови во двете мрежи. Резултатот беше отворен по само десет минути игра, кога противничката мрежа ја стресе Родриго де Пол. Но, гостите брзо се вратија во натпреварот. Само две минути по голот на аргентинскиот ас, Лукебакио израмни на 1-1, а по половина час игра Ромеро донесе прво водство за гостите (1-2).

Со овој резултат се замина на одмор, а на стартот од вториот дел Санчез го најде патот до домашната мрежа и Севиља поведе со 1-3. Но, ниту тоа не ѝ беше доволно за победа. Антоан Гризман со сигурна реализација намали на 2-3, додека Лино со еврогол од далечина погоди за 3-3, на десет минути до истекот на регуларните деведесет минути. 

  • Извештај од натпреварот:

И во финишот се играше отворено, двете екипи атакуваа по трите бода, а во судиското надополнување следуваше нова „магија“ на Гризман за лудница на трибините и голема победа на мадриѓани од 3-4. 

Атлетико собра 35 бода на третото место и има само еден бод помалку од Реал и три од лидерот Барселона.