ВИДЕО: ЕВРОГОЛ на Грималдо, Леверкузен во 94. минута го „смрзна“ Баерн среде Минхен

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен прокоцка голема шанса да стане единствениот тим со максимален број бодови во новата сезона во Бундеслигата. На отворањето на четвртото коло момците на Томас Тухел имаа водство до 94. минута, но Паласиос од пенал донесе молк на трибините и голем бод за Баер Леверкузен (2-2).

  • Извештај од натпреварот:

Дербито пред полните трибини на „Алијанц Арена“ започна како што посакуваа домашните фанови, со брз погодок на шампионот. Баерн поведе по само седум минути игра, откако најголемото летно засилување на тимот Хари Кејн одново докажа дека милионите потрошени за негов ангажман не се залудни. Англискиот капитен по еден корнер од десна страна се најде на вистинско место и во вистинско време и со глава стрелаше за 1-0 и голема радост на трибините.

Но, водството на домаќинот за краток период беше анулирано. Во 24. минута Грималдо со спектакуларен слободен удар го постигна својот деби гол во дресот на „фармацевтите“ и гостите израмнија на 1-1, резулат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел можеби неочекувано, но Баер Леверкузен беше тимот кој што повеќе ја имаше топката во своите нозе и имаше контролна на играта, но едно мало невминание ги чинеше нова негативата. Баерн преку Горецка во 86. минута одново го презеде водството, но во самиот финиш следуваше нов шок за домаќините и Паласиос од пенал во 95. минута погоди за конечни 2-2. Веднаш по израмнувачкиот гол на аргентинскиот офанзивец, Упамекано погоди за 3-2, но голот му беше поништен поради офсајд.

Со ова реми Баерн и Баер остануваат на делба на лидерската позиција со по десет бода (три победи и едно реми).

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1

    Чаби Алонсо

    3-4-2-1