• Иван Димовски

Капитенот на Брага, Бразилецот Франсерџо стрелаше од преку 30 метри за предност на својот тим на гостувањето кај Ренџерс на Стивен Џерард.
Играчот за врска беше проигран од Паулињо, ја поведе топката неколку метри напред и биеше со фантастично ефе за 0-1. Шутот „бегаше“ од голманот и заврши во десниот горен агол на МекГрегор.
- Голот на Франсерџо против Глазгов Ренџерс:
Гостинот од Португалија го изненади тимот на Ренџерс и во првиот дел целосно доминираше на теренот, а покрај голот на Франсерџо, имаше уште неколку изгледни шанси за погодоци.