ВИДЕО: ЕВРОГОЛ на Ескудеро, Севиља во финишот ја скрши Селта

Фудбалерите на Севиља се радуваа на победа против Селта Виго (4-2), откако во финишот го скршија отпорот на противникот и ги освоија бодовите во Примера. Домаќинот на „Рамон Санчез Писхуан“ поведе на стартот, гостинот направи пресврт, ама и Севиља се врати и сепак победи во дуелот од десеттото коло. 

  • Извештај од натпреварот:

Резултатот го отвори стоперот на Севиља, Жул Кунде ја погоди мрежата по само пет минути игра. По корнер, колегата од одбраната Диего Карлос биеше со глава, Бланко одбрани и Кунде ја смести топката во голот по одбиената топка. Сепак, по само пет минути игра Јаго Аспас успеа да израмни. Лоша реакција на голманот Вацлик му понуди шанса на искусниот напаѓач на Селта, кој ја искористи и погоди за 1-1. 

Селта го сврте резултатот и поведе во 36. минута од натпреварот. Нолито се запиша меѓу стрелците и успеа да го доведе својот тим во предност. Сепак, до паузата Ен Незири стрелаше за 2-2 во третата минута од судиското надополнување. 

Севиља беше подобар ривал во продолжението и правеше шанси. На гол за нова предност чекаше до 85. минута. Ракитиќ одложи пас до Ескудеро, а соиграчот со ефектен удар биеше и го матира Бланко за 3-2. Само две минути подоцна, Мунир Ел Хадади го постави конечниот резултат и стрелаше за 4-2, на асистенција од Фернандо.